Интер од комотна ситуација кога во прашање е пласманот во Лигата на шампионите се доведе до тоа да мора да стравува до последното коло.
Дека во Интер работите не функционира покажа вчерашниот натпревар против Каљари во кој „нероаѕурите“ беа поразени од клубот од Сардинија во склоп на 26-тото коло со резултат 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека во Интер владее голема нервоза можеше да се види во последните секунди од натпреварот кога хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ турна дете кое собира топки со цел побрзо да изведе аут, а таквиот негов потег предизвика бурни реакции во јавноста во Италија.
„На Перишиќ вакво нешто не му беше потребно, посебно поради тоа што цела сезона игра под нивото“, е само еден од коментарите.
Како тоа изгледаше погледнете во продолжение.