Дома Фудбал Знаете ли кога последен пат едно „Ел Класико“ беше без Меси и Роналдо?

Знаете ли кога последен пат едно „Ел Класико“ беше без Меси и Роналдо?

ronaldo messi

Поради повредата на раката Лионел Меси неколку недели ќе биде надвор од терените, па нема да биде во можност да настапи во натпреварот против лутиот ривал Реал Мадрид.

Меси прво ќе го пропушти Интер во среда во натпреварот од Лигата на шампионите, па и неделното „Ел Класико“. Ова значи дека за прв пат од поодамна „Ел Класико“ нема да привлекува внимание како во претходните години поради тоа што во него ќе ги нема Меси и Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До неодамна навистина незамисливо изгледаше натпреварот помеѓу двата шпански гиганти да се одигра без Меси и Роналдо. Знаете ли кога последен пат се случило такво нешто?

Пред 11 години.

Меси во последните 14 години пропушти само два натпревари против Реал, а ниту еднаш Барса не го победила Реал кога во тимот го немало Меси (од кога Меси е член на Барса).

Иначе, Меси со 26 голови е најдобриот стрелец во историјата на „Ел Класико“, зад него се Ди Стефано и Роналдо со по 18 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …