Македонија го игра последниот меч од квалификациите за СП во Русија против Лихтенштајн во Струмица.
Двете селекции познато е дека ќе се најдат на петтата и шестата позиција во групата, но Македонија е убедливо фаворит во овој меч и тоа го докажа создавајќи веднаш предност во првиот дел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Предводниците на Игор Ангеловски заслужија да го заокружат овој циклус со победа на домашен терен, а тоа се наговести и на самиот старт од вечерашниот меч.
Постојан посед на топката за македонската селекција, и два погодоци. Првиот дело на Муслиу во 36. минута, а само две минути подоцна стрелец на вториот погодок беше Трајковски.
Погледнете ги двата погодоци кои го одбележаа првото полувреме во продолжение: