Дома Останати Кошарка Заработка во НБА по секунда: Вестбрук лидер, Леброн на четвртата позиција

Заработка во НБА по секунда: Вестбрук лидер, Леброн на четвртата позиција

Веќе се навикнавме во професионалниот спорт, посебно во фудбалот, но и во кошарката кога е НБА во прашање спортистите да се расфрлаат со милионите.

Спортот од поодамна стана машина за правање на пари, затоа ѕвездите во НБА лигата имаат астрономски заработки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога огромните суми ќе се претворат во заработки во секунди веројатно најдобро гледаме за колкави суми всушност се работи.

Најмногу до крајот на договорот во НБА ќе добива Расел Вестбрук – 173 долари по секунди!

Интересно е што Леброн Џејмс се наоѓа на четвртата позиција со 162 долари во секунда, а Кевин Дурант дури на 10-тата позиција со 130 долари.

За сите кои сакаат да правата паралела со европската кошарка и НБА лигата најплатениот играч во Европа, Алексеј Швед добива четири милиони долари годишно, додека

Дурант кој е на 10-тата позиција во НБА добива 30 милиони долари годишно.

Заработката во НБА по секунди:

1.Расел Вестбрук – 173 долари

2.Стеф Кари – 170 долари

3.Крис Пол – 169 долари

4.Леброн Џејмс 162 долари

5.Ендрју Вингс – 155 долари

6.Блејк Грифин – 145 долари

7.Пол Џорџ – 144 долари

8.Кајл Лаури – 141 долар

9.Гордон Хејворд – 135 долари

10.Кевин Дурант – 130 долари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познати и детали: Најдобриот македонски кошаркар наредната сезона ќе игра во нов клуб!

Како што стојат работите повеќе нема дилеми, најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитри…