Дома Фудбал Италија Ова е причината зошто Алегри не добива отказ во Јувентус

Ова е причината зошто Алегри не добива отказ во Јувентус

Поранешниот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки, објасни зошто Јувентус нема да го отпушти Алегри и покрај слабата игра на тимот во последно време.

Алегри е под притисок бидејќи и навивачите сакаат промени во клубот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Три години зборуваат дека ќе замине, а на крајот сепак го почитуваат неговиот договор. Мислам дека ќе остане и овој пат, бидејќи има многу богат договор. Ако замине, тоа значи дека Јувентус ќе мора добро да плати, а тоа е тренер кој го чини 7 милиони евра нето годишно“, изјави Петраки.

Според Петраки единствниот начин Алегри да замине е да се појави клуб кој сака да го доведе.

„Има еден начин, а тоа е да се појави друг тим или репрезентација, некој кој ќе ги даде тие пари на Алегри, но мислам дека е многу тешко. Мислам дека ќе биде тешко Јуве да остане без Алегри, особено затоа што тие ќе мора добро да плати и за следниот тренер затоа што не би сакале да доведат било кого“, смета Петраки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…