Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лигата на шампиони во Келн.
Актуелниот бранител на титулата, Магдебург, во полуфиналето ќе игра против дански Алборг, додека во второто полуфинале ќе играат Кил и Барселона. Завршниот турнир во Келн ќе се одржи на 8 и 9 јуни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кај жените чиј Ф4 турнир ќе се игра во Будимпешта, Унгарија, на 1 јуни во првата полуфинална пресметка Есбјерг ќе се соочи против Ѓер, а подоцна составот на Мец за ривал го има Битигхајм.