Дома Фудбал Репрезентации ФИФА започна и со ранкинг во футсал: Македонија во топ 60 репрезентации

ФИФА започна и со ранкинг во футсал: Македонија во топ 60 репрезентации

За прв пат во историјата Светската фудбалска куќа (ФИФА) објави ранкинг за национални футсал тимови, а на истиот Македонија се наоѓа моментно на 58 место со 1019 поени.

Во однос на ФИФА ранкингот за фудбалските репрезентации, во светот на футсалот сликата изгледа доста поинаква.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразил е на првото место со 1568 поени, пред Португалија (1527), а на третата позиција е Шпанија со 1514.

Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Иран, Аргентина, Мароко, Русија, Казахстан, Тајланд и Франција.

Објавен е и футсал ФИФА ранкинг во женска конкуренција, каде исто така водечки е Бразил (1364 поени), а Македонија нема свој национален тим на оваа ранг листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 100 милиони за наследникот на Мбапе

ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е ѕвездата на Наполи,…