Во текот вчерашниот ден се појави информација дека два италијански и турски гигант покажуваат интерес за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Еден од нашите најдобри кошаркари и сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб Уникс Казан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Олимпија Милано и Виртус Болоња од Италија и турскиот гигант се меѓу најновите кои влегоа во трката за потписот на 26-годишниот плејмејкер.
Италијанските медиуми со сигурност тврдат дека Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Италија, поточно ќе ги брани боите на Олимпија Милано.
Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, сезонава во регуларниот дел заврши на 12 место.
„Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер“, објави новинарот Андреа Калцони на социјалните мрежи.
✅🇮🇹BREAKING NEWS: I can 100% confirm what @Eurodevotion anticipated. Nenad Dimitrijevic will be Olimpia Milano's second signing (after Josh Nebo) for next season. Three-year contract for the Macedonian PG.#EuroLeague #Eurolega #LBA #VTB #Olimpiamilano #Olimpia #Milano pic.twitter.com/mYw9ulm5bd
— Andrea Calzoni (@andreacalzoni11) May 5, 2024