По синоќешните 15 натпревари заврши регуларниот дел од НБА сезоната и познати се сите плеј-ин паровите и учесници во плеј-офот.
Така, најдобар тим по регуларниот дел од сезоната е Бостон со со учинок 64:18 и во првото коло од плеј-офот го чека својот противник од плеј-инот во кој се среќаваат Филаделфија – Мајами и Чикаго – Атланта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победникот од првиот споменат дуел во баражот ќе игра против Њујорк Никс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Чикаго-Атланта, а победникот од тој меч ќе игра против Бостон.
Покрај плеј-ин паровите, на Истокот се познати и два плеј-оф парови. Милвоки Бакс ќе игра против Индијана во четвртфиналето на НБА, додека Кливленд ќе се соочи со Орландо.
На Западот најдобар тим е Оклахома која во плеј-офот ќе игра против противници од плеј-инот каде се среќаваат Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс и Сакраменто – Голден Стејт. Победникот од дуелот меѓу Пеликанс и Јута во плеј-офот ќе игра против актуелниот шампион на НБА, Денвер Нагетс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од мечот Сакраменто – Голден Стејт. Победникот од таа средба во плеј-офот ќе игра против Оклахома. Веќе е познато и дека во првото коло од плеј-офот ќе играат Минесота – Феникс.