Дома Останати Кошарка Босански кошаркар е најлошиот во историјата на НБА плеј-офот

Босански кошаркар е најлошиот во историјата на НБА плеј-офот

Босанскиот интернационалец, Јусуф Нуркиќ кој го носи дресот на Феникс влезе во историјата како најлошиот кошаркар кој играл во НБА плеј-офот.

Нуркиќ има најлош ефект во плеј-офите. Досега тој одигра 20 натпревари и во нив има само три победи. Со тоа тој е на 15% од добиените мечеви во плеј-офот што е најлошиот ефект од сите кошаркари кои одиграле најмалку 20 натпревари во оваа фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Феникс настапот во плеј-офот експресно го заврши со елиминација од Минесота со 0:4. Нуркиќ во тие четири натпревари имаше просек од 7.8 поени, 8.3 скокови и 2.8 асистенции по натпревар.

Пред Феникс, Нуркиќ со Портланд беше елиминиран од Голден Стејт (2017), потоа од Пеликанс во 2018, па Лејкерс 2020 и Денвер 2021. Во 2019 година Портланд стигна до конференциското финале, но Нуркиќ тогаш се повреди и не играше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот …