Дома Фудбал Италија Дефанзивецот на Јувентус го руши рекордот на Недвед и заминува?

Дефанзивецот на Јувентус го руши рекордот на Недвед и заминува?

Дефанзивецот Алекс Сандро по долги години би можел да го напушти Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некогаш еден од најдобрите левоноги фудбалери меѓу дефанзивците во светот, сега има 33 години и се чини дека нов договор со Јувентус нема да има а сегашниот му истекува за два месеци.

Сезонава Сандро одигра само 17 натпревари и собра 700 минути се на неговото конто и јасно е дека за него нема да има место следната сезона.

Овој фудбалер би можел да стане и рекордер до крајот на сезоната доколку го мине Павел Недвед по бројот на настапи помеѓу странците кои го носеле дресот на Јувентус.

Имено, Сандро за Јувентус настапи на 326 натпревари, Недвед е пред него со само еден повеќе. Најавите се дека на лето Сандро може да продолжи во неговата татковина во редовите на Сао Паоло, а се споменуваат и клубови од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…