Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега времето може да го користи за други работи.
Французинот одлучи дури и да ја смени професијата, па така фудбалот го замени со актерството. Имено, Погба учествува во снимањето на филмот кој го носи името „4 нули“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за филм посвете нна животот на млад фудбалер каде што Погба ќе има улога на тренер во младинските категории. Французинот веќе го започнал снимањето кое би требало да трае до 14-ти мај. Најавите се дека филмот би бил присутен во кино-салите од април следната година.
Во филмот главниот актер ќе биде млад фудбалер од Коморските Острови кого го најавуваат како новиот Мбапе, а неговиот сон е да стане ѕвезда на ПСЖ.
Погба ќе потсетиме поднесе жалба на пресудата од четири години поради користење на недозволени сусптанци и само ако таа биде прифатена казната би се намалил. Во спротивно неговата кариера како фудбалер веројатно е завршена.