Дома Актуелно Запата и Де Рон ја одведоа Аталанта до победа против Рома

Запата и Де Рон ја одведоа Аталанта до победа против Рома

Eден од поинтересните натпревари во петтото коло од Серија А го одиграа Рома и Аталанта, а на крајот славеа гостите од Бергамо со резултат 2:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Самото отварање на натпреварот не понуди поголеми изненадувања. До првата голема прилика на натпреварот се чекаше до 32-та минута кога во шанса влезе Един Џеко, но неговиот шут во последен момент го изблокира одбраната на гостите.

Иличиќ возврати неколку минути подоцна од работ на шеснаесетникот, но топката заврши над голот. Во продолжение не видовме многу прилики се до 71-та минута кога одличното проигрување од Фреулер го искористи Дуван Запата кој рутински погодува за 1:0.

Рома потоа сите карти ги фрли на нападот, во игра влегоа Микхтаријан и Калиниќ, но тоа не даваше резултат. Судбината на домаќините ја запечати Де Рон во судиското продолжение за конечни 0:2.

За Рома ова беше прв пораз во сезоната. Аталанта сега е 10-та, Рома петта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…