Eден од најдобрите играчи на Милан, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска Франк Кеси според последните најави е на чекор од трансфер во Барселона, а управата на Милан веќе е во потрага по негова замена.
Како што пишуваат италијанските медиуми „росонерите“ на лето би можеле да го ангажираат фудбалерот за врска на Хофенхајм, Флорија Грилич.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Австрискиот фудбалер беше блиску до Рома во зимскиот преоден рок, но трансферот тогаш пропадна, а за 26-годишникот од Австраија интерес покажале наводно и ривалите на „росонерите“, Интер и Јувентус.
Договорот на Грилич со Хофенхајм истекува на крајот од сезоната и голема е веројатноста дека нема да го продолжи договорот, така фудбалерот би бил слободен во изборот на новата средина. Дресот на Хофенхајм Грилич го носи од 2017 година.