Македонскиот напаѓач и повремен репрезентативец Љупче Дориев игра одлично во првенството на Узбекстиан.
Дориев кој настапува за тимот на Согдиана по 14 кола се наоѓа на врвот на листата стрелци. Дориев во 14 натпревари постигна десет гола што во овој момент му се доволни за првата позиција пред Тома Табатадѕе кој има осум и Драган Черан кој постигна седум погодци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Исто така Дориев во минатото коло беше избран и во идеалниот тим. Согдиана во овој момент е третопласирана во првенството со 24 освоени бодови.