Кубанскиот борач, Мијаин Лопез Нуњез во дисциплината грчко-римски стил +130 килограми успеа да направи подвиг каков што не е виден претходно на Олимписките игри.
Нуњез успеа да освои злато во Париз и тоа беше негово петто во низа во истата дисциплина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неверојатната низа ја започна во Пекинг во 2008 година, а се радуваше на златниот медал и во Лондон 2012, Рио Де Женеиро 2016 и Токио 2021.
Навистина подвиг кој долго ќе се памети и ќе биде тешко да се сруши.
Коментари