Дома Фудбал Останато Доказите за „случајот Роналдо“ почнаа да исчезнуваат

Доказите за „случајот Роналдо“ почнаа да исчезнуваат

Скандалот со Кристиано Роналдо и обвиненијата за силување и понатаму е на насловните страни на медиумите, но сега доаѓаат нови информации за целиот случај.

Имено, доказите по обвинението на Кетрин Мајорга полека почнаа да исчезнуваат, пренесува германскиот весник „Шпигел“, кој прв соопшти за аферата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во полицијата во Лас Вегас не се чуваат никакви докази против Португалецот, па дури не се зачувани ни исказите на Мајорга дадени веднаш после инцидентот во 2009 година. Адвокатот ја обвини полицијата дека не ги зачувале како докази фустанот и долниот веш кои девојката ги носела таа вечер кога наводно била силувана.

Адвокатот Стоувал тврди дека полицијата не презела никакви дејства против Роналдо ни во 2009 година, иако девојката при пријавата го посочила неговото име.

Според „Шпигел“, Мајорга тогаш постигнала договор со фудбалерот и добила 375.000 долари со цел целиот случај никогаш да не се појави во јавност. Сега Американката бара нови 200.000 долари како компензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона не се откажува од ѕвездата на Баерн

Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона. К…