Дома Фудбал Германија Директорот на Баерн бесен по шокантниот пораз: Игравме фудбал без душа!

Директорот на Баерн бесен по шокантниот пораз: Игравме фудбал без душа!

Големо е разочарувањето во таборот на Баерн Минхен по вчерашната елиминација од германскиот куп против третолигашот Сарбрикен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците загубија со гол во 96. минута по бројните нереализирани шанси во второто полувреме, но директорот Криштоф Фројнд смета дека тимот бил казнет за лошото издание во првото полувреме.

Фудбалерите на германскиот гигант беа далеку под своите можности по првите 45 минути во кои резултатот беше 1:1, а потоа во завршницата примија и втор гол.

„Не можам да разберам како бевме толку слаби во првото полувреме. Како може да се игра фудбал така без душа, без агресивност…Не можете да излезете на терен со такво пристап без разлика кој е противник на другата страна. Победата на Сарбрикен на крајот не беше незаслужена. Навистина болен пораз за кој самит сме виновни“, изјави Фројд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…