Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала даде интересно интервју во кое откри како го потпишал договорот со италијанскиот шампион.
Аргентинецот откри дека договорот за неговиот трансфер од Палермо во Јувентус го потпишал додека бил на плажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денот кога потпишав договор со Јувентус беше специјален. Бев на одмор со мојот брат и пријателите. Договорот пристигна во мојата хотелска соба додека бев на плажа. Дојдов во хотелот, го потпишав договорот и се вратив на плажа да се сончам“, открива Дибала.
„Од мал гледам и играм фудбал. Со моите пријатели сакавме да бидеме новите Роналдињо и Роналдо. Бев пресреќен кога дебитирав со сениорски тим на 17 години. Јас секогаш го давам најдоброто од себе на теренот и сакам да ги направам среќни фановите“, додаде Аргентинецот.
Paulo Dybala :"I didn't think I would have had such a career, the one I am living as a football player. As a child I followed football, I played it because I enjoyed it. With friends, we wanted to be Ronaldinho, Ronaldo. But I never thought this. pic.twitter.com/t4LWdi9Rdk
— Enock Kobina Essel (@kobinaessel39) March 22, 2019