Дома Фудбал Душан Влаховиќ одбрал нов клуб: Не е Барса, ниту останување во Италија

Душан Влаховиќ одбрал нов клуб: Не е Барса, ниту останување во Италија

Напаѓачот од Србија, Душан Влаховиќ, наводно ја одбрал англиската Премиер лига како нова станица во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пропаднаа сите преговори за останување во Јувентус, Душан Влаховиќ започна потрага по нов клуб. Изгледа дека таа потрага е при крај, и 26-годишниот играч од следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата.

Иако во изминатиот период се поврзуваше со Барселона, Милан и Интер, се чини дека Србинот ќе замине за Англија. Два клуба се во игра, а тоа се Челси и Тотенхем.

Англичаните денеска објавија ексклузива дека српскиот играч одлучил да дојде во најсилната лига во светот. Ќе ги одбие сите други понуди.

“Душан Влаховиќ планира трансфер во Премиершип откако му истече договорот со Јувентус,” наведува TeamTalk и продолжува:

“Тотенхем е заинтересиран, но Челси води во борбата за потпис. Сините го гледаат како поквалитетна опција од Лиам Делап.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој друг, ако не тој! Никој друг освен Меси нема постигнато голови на седум последователни натпревари на Мундијал

Лионел Меси влезе во историјата со своето најново достигнување. Тој го постигна своето 19-…