После ремито на гостувањето кај Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза, Барселона вечерва ќе го пречека тимот на Интер.
И младиот Френки Де Јонг е свесен за важноста на овој натпревар за неговата Барселона, а пред натпреварот против Интер зборуваше за „Газета дело Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога ќе слушнам Интер веднаш помислувам на Весли Снајдер и тимот кој ја освои триплетата (генерацијата на Пандев)…Ќе биде тешко за нас вечерва бидејќи Интер има одлична екипа и многу напредуваа оваа сезона“, изјави младиот холандски играч за врска.
Фудбалерот на Барселона го пофали и Антонио Конте.
„Тој е супер тренер, освојуваше титули со Челзи и Јувентус, а сега добро започна и во Интер. Сигурно спремил некое изненадување, па мораме да бидеме паметни“, порача Де Јонг.
Де Јонг не можеше да го избегне и прашањето за Лионел Меси кој на стартот од сезоната се мачи со повреди, сепак вечерва е во конкуренција за настап.
„Ни недостасува, тоа е нормално тој е најдобриот фудбалер во светот, но и без него сме доволно квалитетни. Малку сме послаби, но и така сме одличен тим. Да се игра со Меси е полесно, тој се прави многу добро. Кога ќе ви ја додаде топката, таа доаѓа со упатства кои морате да ги почитувате. Тоа што го прави со топката е импресивно, но повеќе не сум изненаден затоа што го следам со години“, изјави младиот фудбалер на Барселона.