Дејан Тодевски од Скопје направи голем подвиг – успеа да истрча 84 километри и да помине 9.585 висински метри за 24 часа.
Предизвикот Тодевски го започна вчера во 16:00 часот, а го заврши денес. Како и што најави претходно на неговиот Фејсбук профил тој се движеше по патеката Цеткова од Средно Водно до Крстовар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ваквата дисциплина наречена Скајранер е се повеќе популарна во спортистите низ светот. Тодевски е првиот кој имаше да започне еден ваков предизвик и на крајот успеа да го совлада.
Во продолжение погледнете кратко видео од деловите во подвигот објавени на неговиот „Инстаграм“ профил.
Фото: Дејан Тодевски (ФБ)