Џенаро Гатузо кој денес е тренер на Милан е добро познат по својот темперамент кој сега го покажува и во тренерската улога.
Италијанецот често пати знае да изреагира на начин поради што многумина остануваат без коментар, а знае да подели и по некоја „воспитна“ на своите фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На почетокот на овој месец, Милан одигра пријателски натпревар против Барселона во кој „росонерите“ славеа со 1:0, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде младиот дефанзивец на италијанскиот клуб, Габриеле Белоди.
Белоди од натпреварот го доби дресот на голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген со кој позираше во просториите на стадионот, во тој момент се појави Гатузо на кого тоа не му се допадна.