Oд вчера главна тема во Италија е скандалот во кој финансиската полиција влезе во канцелариите на Јувентус. Се истражуваат неправилности на италијанскиот гигант во последните години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации од Италија проблематични се дури 42 трансфери. Најпозната е зделката со Барселона во која клубовите ги разменија Миралем Пјаниќ и Артур Мело. Сомневањата се дека се поставен нереални вредности кои помогнале Јувентус да ги израмни сметките.




Се шпекулира и дека под лупа е еконоската соработка со Роналдо. Главните осомничени се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, како и спортскиот директор Фабио Партичи кој сега е во Тотенхем.




„Старата дама“ ризикува парична глоба, одземање бодови па дури и преселба во Серија Б доколку истрагата покаже дека „старата дама“ стигнала до лиценца за настап во првенството со помош на „штелувањето“.