Македонските одбојкари денес направија чудо!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентацијата на Македонија денес ја победи Словенија, иако ретко кој очекуваше пред почетокот на натпреварот. Словенците денес ги победивме со 1:3.
Од самиот старт се забележа дека Македонија денес е максимално мотиврана да ги изненади фаворизираните Словенци. Првиот сет го добивме со 24:26.
Во вториот сет после голема борба и неколку наши пропуштени меч топки успеавме да славиме со 28:30. Третиот сет го доби Словенија.
Четвртиот сет изгледаше дека ќе го загубиме и ќе влеземе во петти сет, но за наша среќа тоа не се случи и однесовме голема победа
После натпреварот разбирливо сите беа во еуфорија, па такви беа и изјавите.
„Мислев дека ќе ги победиме Финска и Турција, но ние славевме против Белорусија и Словенија. Ова е одличен резултат за нас и покажавме дека сме ненормална репрезентација. Ги добивме Словенците секаде и во напад и во одбрана. Сега треба да се поклопат коцките и се надевам дека ќе одиме во Франција. “, изјави Деспотовски во микс зоната.