Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Може ли Мурињо да го запре Наполи?

Дерби на денот: Може ли Мурињо да го запре Наполи?

Денес ширум Европа се играат многу возбудливи натпревари, а секако фокусот ќе биде на дербито во Серија А каде лидерот Наполи ја пречекува Рома.

Наполи е апсолутен лидер во Серија А и ова ќе биде голем тест за Наполитанците, бидејќи со победа додатно ќе се доближат до Скудетото. Рома се бори за пласман во Топ 4 и за нив овој меч е исто така многу важен.

Наполи веќе го допре Скудетото


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ниту најголемите оптимисти не можеа да предвидат вака супериорна сезона на Наполи. Пред сезоната Наполи направи многу промени во тимот, заминаа неколку важни фудбалери како Инсиње, Кулибали и Фабиан Руиз, па се претпоставуваше дека ова ќе биде преодна сезона. Меѓутоа, Наполи игра фантастично и после првиот дел од сезоната има цели 12 бода предност пред второпласираниот Милан. Сега се е во негови раце, но иако има право на грешки, сепак тимот на Спалети сигурно ќе даде се од себе за да го победи овој меч против големиот ривал. И во Лигата на шампиони Наполи играше фантастично и го освои првото место во групата, а во осминафиналето има противник по мерка, па амбициите секако се зголемија и во најелитното натпреварување. Се е во рацете на Наполи и тимот на Спалети до крајот на сезоната може само да го изгуби Скудетото, бидејќи според предноста тие веќе ја имаат во раце титулата. Притоа, Спалети за овој дуел може да смета на целиот тим и после подолго време нема проблем со повредени играчи.

Рома брка пласман во Топ 4

Рома моментално се наоѓа на 6-то место, но заостанува само три бода од второто место, па секако е во добра позиција за пласман во Топ 4, што е главна цел за овој тим. Конкуренцијата секако е голема, но после казната на Јувентус, „волчицата“ гледа голема шанса за остварување на целта. Инаку Рома заедно со Наполи е тим со најдобра форма во Серија А во моментов, а тоа секако е предуслов за возбудлив и неизвесен меч. Рома нема пораз на последните шест меча, а на последните четири меча запиша три победи. Иако Мурињо го префрли притисокот на противникот, сепак јасно е дека овој меч е многу важен и за Рома. Со позитивен резултат на ова гостување, „волчицата“ значително ќе ги подобри шансите за пласман во Топ 4. Што се однесува до тимот, Мурињо нема да може да смета на Челик и Вајалдум поради повреда, додека Заниоло е надвор од тимот и не е повика за овој меч.

Очекување

Натпреварите помеѓу Наполи и Рома се секогаш непредвидливи, но и богати со голови, па очекуваме така да биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …