Дома Фудбал Италија Депресијата му ја уништи кариерата, Аталанта го отпушти Иличиќ

Депресијата му ја уништи кариерата, Аталанта го отпушти Иличиќ

Пред две години Јосип Иличиќ беше главна ѕвезда во Аталанта и прикажуваше фантастични настапи, но тогаш дојде неговиот прв тежок удар кога се соочи со депресијата и како што изгледа тоа му ја уништи кариерата.

Долг период Иличиќ воопшто не тренираше со Аталанта и никој не знаеше што точно се случува со фудбалерот во тој период на почетокот на 2020 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се врати Иличиќ подоцна на терените, но по некое време повторно имаше проблеми, а сега Аталанта реши да го раскине неговиот договор предвреме.

„Ќе ги паметиме твоите настапи во Бергамо. Со твојата магија ги остварувавме нашите соништа“, стои во соопштението од Аталанта.

Иличиќ имаше договор на уште една година, меѓутоа во Бергамо одлучија предвреме да го раскинат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Каков циркус: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД!

Ситуацијата околу иднината на Роџерс Мато во Вардар доби епитет на вистинска трансфер-сага…