Дома Фудбал Англија Денот кога беа запрени „НЕПОБЕДЛИВИТЕ“: Ова беше срамно, но веројатно никогаш нема да се повтори

Денот кога беа запрени „НЕПОБЕДЛИВИТЕ“: Ова беше срамно, но веројатно никогаш нема да се повтори

На денешен ден, пред 13 години, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ја прекина серијата на Арсенал од 49 натпревари без пораз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој 24. октомври 2004. година го капитулираа на „Театарот на соништата“, Јунајтед го победи Арсенал со 2:0, а Венгер во ретроспектива нагласи дека судиите се директните виновници што серијата „Непобедливи“ беше прекината.

Јунајтед дојде до водство со гол од пенал, а Венгер тогаш изјави дека таа судиска одлука беше срамна.

„Целиот свет виде дека Руни симулираше освен судијата Рајли. Никогаш нема тоа да го заборавам. Ни оневозможи да дојдеме до бројка од 50 натпревари без пораз. Ниту еден клуб во Англија веројатно нема да биде ниту блиску од таков подтаф“, изјави Венгер.

Потсетуваме, Арсенал ја освои шампионската титула без пораз во сезоната 2003/04. и во следната остана непоразен се до гостувањето на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…