Дома Македонски спорт Демант од Скијачката федерација на Македонија: Финансискиот криминал од минатиот период, не може да се покрие со клевети и шпекулации во јавноста

Демант од Скијачката федерација на Македонија: Финансискиот криминал од минатиот период, не може да се покрие со клевети и шпекулации во јавноста

Скијачката федерација на Македонија ОСТРО реагира на денешната објава (28.05.2021 година), во Вашиот медиум во која се изнесени невистини со кои се доведува во заблуда јавноста.

Ја известуваме јавноста дека согласно одлуката на надлежен орган на СФМ од 07.05.2021 година, новото раководство на СФМ предводено од претседателот Огњан Циговски, поради повеќе наоди и барања од надлежните институции кои утврдиле неправилности во финансиското-материјално работење на СФМ во време на претходното раководство предводено од Васил Сокле, ангажираше стручни лица – вештаци, финансиски експерти, за испитување на материјално-финансиското работење на СФМ во последните 3 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, во март 2021 година е изготвен записник по спроведен инспекциски надзор од страна на Агенцијата за млади и спорт во кој се утврдени неправилности во работењето на СФМ и врз основа на кои е издадена мерка – опомена и прекршочен налог за СФМ.

Во мај 2021 година СФМ прими допис од Државната комисија за спречување на корупција со кој се бара од СФМ да достави податоци и информации во врска со своето работење во времето на претходното раководство.

Оттука, појаснуваме на јавноста дека на фотографиите се наоѓаат класери во кои е содржана службената документација на СФМ. Овие фотографии се направени неовластено во моментот кога е вршен транспортот на класерите до вештите лица кои во моментот го испитуваат материјално-финансиското работење на СФМ.

Потсетуваме дека како резултат на наталоженото незадоволство на клубовите во СФМ, особено поради нетранспарентното работење и негрижата за докажаните првенци на снежните спортови кои сомнително останаа без ваучери, искажано на вонредното собрание од 03.03.2021 година, СФМ избра ново раководство со Огњан Циговски како Претседател чија основна цел е СФМ конечно, по долги години, да почне да работи транспарентно и во согласност со закон, целите и визиите заради кои постои и така и ќе продолжи.

Потенцираме дека самата објава од неидентификуван „правен тим“, содржи неосновани клевети и шпекулации, злоупотреба на податоци од надлежните институции со тоа што се  повикува на некакви неофицијални информации дека второстепената владина комисија ќе дозволи упис на Дејан Пановски како

Претседател на СФМ или пак, истото значи вршење притисок на институциите преку медиуми да донесат одлуки посакувани од бившото раководство. Впрочем, ова упатува на обид со неточни информации и клевети да се доведе во заблуда јавноста, а неосновано да се направи штета на споменатите лица и се сторени сериозни прекршувања на законите за што ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежните истражни и други органи.

Ваквите неосновани напади не се и нема да бидат стил на Скијачката федерација на Македонија. Токму заради непочитувањето на Статутот на СФМ по смртта на претходниот Претседател, клубовите реагираа за одредени случувања кои се реализираа спротивно на Статутот и Законот за спорт, заради што беше и поднесена соодветна пријава до Агенцијата за млади и спорт.

Од истите причини, 12 клубови го напуштија Собранието за избор на ново раководство што се одржа на 2.03 2021, со што тоа го изгуби својот легитимитет, а се одржа вонредно Собрание на 03.03.2021 на кое беше избран Огнен Циговски за Претседател на СФМ, со мнозинство од клубовите со право на глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…