Легендата на бразилскиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, славниот Кафу се најде во големи проблеми во приватниот живот.
Како што стојат работите, Кафу колку што беше добар на теренот, толку беше лош бизнисмен и лошите потези скапо ги плаќа. Во најдобрите денови од кариерата Кафу заработуваше и четири милиони евра годишно и сето тоа го инвестираше во недвижен имот и бизниси, се посвети на менаџерската работа, а сега се соочува со проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кафу поради големите долгови сега мора да го продава имотот кој го стекнал, а на ред дошла и вилата во која живеел со семејството во Сао Паоло. Станува збор за вила вредна пет милиони долари и таа е продадена за трипати помала вредност од страна на судот на аукција.
Се обидел Кафу да избегне нејзино продавање, тврдел дека таа е негов дом и понудил да бидат продадени останатите имоти кои ги поседувал, меѓутоа во судот немали милост и останале на одлуката. Сега Кафу има 45 дена да ја напушти вилата.
Kaфу со Бразил освои две Светски првенства, а во витрините стави се што можеше да се собере со Милан и Рома. Големата кариера ја заврши во 2009 година во англискиот нисколигаш Гарфорт Таун.