Дома Фудбал Винисиус има долго помнење: Камерите го фатија моментот кој Симеоне никогаш нема да му го прости (Видео)

Винисиус има долго помнење: Камерите го фатија моментот кој Симеоне никогаш нема да му го прости (Видео)

Винисиус Жуниор со два гола му ја донесе победата на Реал Мадрид против градскиот ривал Атлетико (3:2), но она за што се зборува е неговата освета на тренерот на „Лос Хугадорес“ Диего Симеоне. Го испровоцираше при заминувањето од игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Флорентино ќе те избрка од клубот. Запомни што ти реков“, му викал тренерот на Атлетико Диего Симеоне во јануари на Винициус Жуниор.

Два месеци подоцна следеше одмаздата на ѕвездата на Реал. Постигна два гола во дербито (3:2) и при напуштањето од игра одлучи да му се одмазди на аргентинскиот стратег.

При напуштањето од игра, Вини намерно помина покрај тренерот на Атлетико, му добаци нешто поради што Симеоне реагираше.

Тренерот на Атлетико му покажуваше на судијата дека Вини прави нешто што не би требало. Реакција, меѓутоа, немаше, а Симеоне не зборуваше за оваа ситуација по натпреварот, бидејќи оваа сцена помина прилично незабележано.

И покрај сè, јасно е дека ова е директен одговор на бразилскиот напаѓач за зборовите кои му ги упати Симеоне во јануари. На крајот, тој што се смее последен е Винисиус.

По овие сцени е јасно дека Винисиус Жуниор има долго помнење. Ова сигурно Симеоне нема да му го прости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бил пастир и бездомник, а потоа стана рекордер и херој на најкомплицираната приказна на СП (Видео)

Иранскиот репрезентативен голман Алиреза Беjранванд повторно ја привлече вниманието на све…