Дома Фудбал Европски гигант подготвен да плати „солено“ за Страхиња Павловиќ!

Европски гигант подготвен да плати „солено“ за Страхиња Павловиќ!

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и сè повеќе го привлекува вниманието на европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со одличните настапи во Серија А се профилираше како еден од најдоверливите стопери во лигата, а интересот од Премиер лигата само го потврдува неговиот нагол подем.

Според информациите од италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучил и поранешниот европски шампион, Челзи.

Лондонскиот клуб наводно е подготвен да издвои дури 40 милиони евра за да го доведе Павловиќ на Стамфорд Бриџ. Станува збор за сума што ги надминува претходните шпекулации, кога се споменуваше интересот на Галатасарај.

Оваа сезона Павловиќ покажа зрелост, сигурност и лидерски вештини во задната линија на Милан. Неговите настапи не останаа незабележани ниту од страна на стручњаците, ниту од страна на скаутите на најсилните лиги.

Се наведува и дека тренерот Лиам Розениор во него гледа клучна фигура за одбраната во следната сезона.

Сепак, трансферот сè уште не е близу до реализација. Големо прашање е колку Милан го цени својот дефанзивец и дали воопшто е подготвен да го продаде.

Росонерите се познати по тоа што тешко ги пуштаат клучните играчи, особено кога се во подем. Од друга страна, понудата од Премиер лигата често е тешко да се одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…