Дома Фудбал Претседателот на гигантот од Примера го сака Един Те́рзиќ!

Претседателот на гигантот од Примера го сака Един Те́рзиќ!

Един Терзиќ е без работа од кога ја напушти Борусија Дортмунд.

Се поврзуваше со повеќе клубови, особено во Премиер лигата, но работата никогаш не беше реализирана.

Сега е во центарот на вниманието големата желба на претседателот на Атлетик Билбао да седне на клупата која по крајот на сезоната ќе ја напушти Ернесто Валверде.

Медиумите веќе го преселија Андони Ираола од Борнмут во Баскија, но последните информации говорат дека ако првиот човек на клубот ја има последната реч, новиот тренер ќе биде Терзиќ.

Терзиќ со Борусија Дортмунд играше финале во Лигата на шампионите каде беше поразен од Реал Мадрид. Лошите односи со играчите му го потпишаа отказот по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …