Дома Фудбал Останато Кафу: Никој нема квалитет како Нејмар, дури ниту Меси!

Кафу: Никој нема квалитет како Нејмар, дури ниту Меси!

Бразилската легенда Кафу, има интересно мислење и смета дека во светот нема подобар фудбалер од неговиот сонародник Нејмар.

Нејмар долго време е помеѓу најдобрите во светот, но ретки се оние кои ќе кажат дека е број еден, посебно затоа што Роналдо и Меси се уште играат на високо ниво. Еден од тие ретки е Кафу.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога во прашање е квалитетот, не постои играч кој може да го надмине Нејмар. Дури ниту Меси, чиј сум голем обожавател. Тој е играч кој треба да направи разлика во бразилскиот фудбал“, изјави Кафу.

Кафу потоа објасни на кој начин дефанзивците го чуваат напаѓачот на ПСЖ.

„Нејмар мора да превземе одговорност. Ни се допаѓало тоа или не, со него на теренот имате осум играчи на неговиот грб. Тоа отвара простор за сите на теренот“, смета поранешниот играч на Милан и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…