Дома Фудбал Останато Кафу објасни зошто Мбапе мора да го напушти ПСЖ и зошто Барса тешко би го довела

Кафу објасни зошто Мбапе мора да го напушти ПСЖ и зошто Барса тешко би го довела

Бразилската фудбалска легенда Ривалдо тврди дека Килијан Мбапе не може да го исполни својот потенцијал во ПСЖ и дека ќе мора да премине во Шпанија или Англија за да стане најдобар во светот.

Во новата сезона Мбапе игра одлично. Францускиот фудбалер постигна шест голови на осум натпревари, а блесна во натпреварот против Клуб Бриж во кој иако влезе од клупата за резерви постигна три гола и запиша асистенција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нема сомневање дека Мбапе има квалитет да стане најдобар во светот. Има голем потенцијал и игра одличен фудбал. Меѓутоа за уште повеќе да го развие својот потенцијал треба да се премине во Ла Лига или Премиер лигата. Лига 1 е под нивото на првенствата во Шпанија и Англија. Со сета почит кон ПСЖ мислам дека Мбапе ќе мора да премине во некој голем шпански или англиски тим ако сака да стане наследник на Меси или Роналдо и најдобар во светот. Најдобрите мора да играат во најдобрите лиги“, изјави Ривалдо.

Дали би можел да се пресел иво Барселона?

„Мислам дека ќе и биде тешко на Барселона да го доведе затоа што е млад и скап. Светски шампион и по природа еден од најпреспективните во светот. Ако Барселона имаше толку проблеми да го врати Нејмар замислете колку тешко ќе им биде да го доведат Французинот“, смета бразилската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…