Дома Фудбал Кафу: Нејмар технички е подобар од Меси и Роналдо

Кафу: Нејмар технички е подобар од Меси и Роналдо

Легендарниот Кафу остави голема трага во клупскиот и репрезентативниот фудбал, а сега зборуваше за неговиот сонародник Нејмар.

Кафу истакна што смета дека Нејмар мора да подобри за да ја заокружи приказната околиу него. Според него тој треба да преземе одговорност на лидер.

„Нејмар технички е подобар од Меси и Роналдо, но мора да стане лидер. Човек треба 100% да се посвети на фудбалот. Јас бев подобар од другите десни бекови во мое време затоа што се посветив на тоа. Нејмар мора да стане капитен“, изјави Кафу и даде коментар за Алвес кој се врати во Барселона.

„Алвес ќе и даде на искуство на Барселона. Без разлика на годините тој е во одлична физичка кондиција и ќе биде одлично засилување“, смета Кафу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…