Дома Фудбал Македонија ја чека жешка атмосфера во Копенхаген – Данците го распродадоа стадионот!

Македонија ја чека жешка атмосфера во Копенхаген – Данците го распродадоа стадионот!

Македонската фудбалска репрезентација во четврток ја очекува тежок предизвик – полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген, каде избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат во жешка атмосфера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Данската фудбалска федерација потврдија дека „Паркен“ е целосно распродаден за овој натпревар, што значи дека околу 37.000 домашни навивачи ќе создадат силна поддршка за својата репрезентација.

„Сè е подготвено за голем фудбалски спектакл на „Паркен“, каде Данска пред полни трибини ќе ја пречека Македонија“, информираа од федерацијата.

За македонските навивачи се предвидени околу 1.000 билети, па и покрај доминацијата на домашната публика, „црвено-жолтите“ ќе имаат и своја поддршка од трибините.

Победникот од оваа пресметка ќе обезбеди пласман во финалето од баражот, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Ирска и Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски повика петмина дебитанти за дуелите против БиХ и Турција

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета на…