Тројца фудбалери денес го напуштија кампот на италијанската репрезентација на Италија поради повреда и нема да играат на престојните натпревари против Украина и Полска.
Станува збор за двете ѕвезди на Милан, Алесио Ромањоли и Патрик Кутроне, како и дефанзивецот на Интер, Данило Дамброзио. Повредите на тројцата фудбалери не се сериозни, но се испратени да се рехабилитираат во своите клубови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На местото на Ромањоли и Дамброзио, селекторот Манчини ги повика Лоренцо Тонели од Сампдорија и Кристиано Пичини од Валенсија.
Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле исто така има повреда на раката, но ќе биде спремен за мечот со Украина во среда.