Дома Македонски спорт Мак фудбал Дарбо од Шкупи ќе игра против Обамејанг!

Дарбо од Шкупи ќе игра против Обамејанг!

Дембо Дарбо од Шкупи игра одлично сезонава во македонската прва лига и зад своето име веќе има 10 голови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличните настапи во дресот на Шкупи на Дарбо му донесоа и повик во репрезентацијата на Гамбија за која до сега 22 годишниот фудбалер нема настап.

Ова е само показател дека Дарбо игра фантастично, а во Гамбија ќе игра заедно со уште неколку фудбалери кои настапуваат во Серија А како Омар и Ебрима Коли кои се дел од Сампдорија и Верона, но и Муса Бароу од Болоња.

Гамбија во овој ноемврски циклус ќе игра против Габон каде што настапува ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.

Инаку, со тие 10 гола Дарбо е лидер помеѓу стрелците во ПМФЛ заедно со Бесарт Ибраими.

Фото: (Дарбо) ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Меси до португалскиот судија: Ти не ме почитуваш! (Видео)

Лионел Меси, повторно беше во центарот на вниманието откако Аргентина по драма и продолжен…