Дома Фудбал Останато Даночните власти тропнаа на вратата на Нејмар!

Даночните власти тропнаа на вратата на Нејмар!

Даночните власти во Шпанија отворија истрага против Нејмар за евентуално затајување на данок за време на неговиот престој во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Бразилецот ја напушти Барселона во август 2017 година за да премине во Пари Сент Жермен за рекорден трансфер од 222 милиони евра. Во споменатата 2017 година тој помина повеќе од 183 дена во Шпанија и според шпанските закони мора да ги плати сите даноци во таа држава.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Даночните власти се интересираат конкретно за бонусите кои Нејмар ги добил. Само неколку месеци пред да се пресели во Париз Бразилецот потпиша нов договор со Барселона, во кој имаше клаузула да добие 40 милиони евра како бонуси.

Неофицијално му биле исплатени 14 милиони евра од таа сума, а останатите 26 милиони требало да ги добие подоцна истата година. Меѓутоа, после трансферот во ПСЖ од „Камп Ноу“ одбија да му ја доплатат останатата сума, па за тоа двете страни завршија на суд.

Даночните власти од Шпанија побарале документ од Барселона со кое се потврдува колку точно пари му биле исплатени на Нејмар, бидејќи има сомнение дека Бразилецот прикрил дел од даноците.

Притоа, Нејмра мора да достави документ колкав бонус добил од ПСЖ при самото потпишување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…