Дома Фудбал Останато Дани Алвес му љубомори на Буфон, му открил и зошто – и тоа додека биле под туш?

Дани Алвес му љубомори на Буфон, му открил и зошто – и тоа додека биле под туш?

Џанлуиџи Буфон ова лето го напушти Јувентус и се пресели во редовите на ПСЖ.

Тој со своето искуство и знаење им придонесува на оваа екипа, а Буфон сигурно е и еден од лидерите во соблекувалната на овој француски тим. Кога се пресели во Париз, тој повторно се сретна со Бразилецот, Дани Алвес, со кого ја делеше соблекувалната и во Јуве, а тоа беше во сезоната 2016/17, кога тој беше во Торино.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Буфон откри што му рекол Бразилецот додека се туширале.

„Џиџи, кога ќе погледнам во тебе, љубоморен сум затоа што си освоил Светско првенство. Би ги дал сите три Лиги на Шампиони за тој трофеј!“.

Буфон со Италија го освои Мундијалот 2006. година, а познато е колку Бразилците сонуваат да го подигнат тој трофеј и дека секој фудбалер има сон да го освои тој трофеј со својата репрезентација. Меѓутоа, познато е и тоа колку Буфон го сака трофејот на Лигата на Шампионите, кој не успеа да го освои со Јувентус, практично единствениот трофеј кој му недостасува во неговата огромна колекција.

Дани Алвес освои три Лиги на Шампиони со Барселона, 2009, 2011. и 2015. година. За репрезентацијата на Бразил игра од 2006. година, има 107 настапи, а тешко дека ќе го оствари сонот, бидејќи има 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…