Aнтоан Гризман првпат зборуваше за случајот Меси. Францускиот репрезентативец откри дека не знае што се случува во клубот и дали Лионел Меси и следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.
Ќе потсетиме, Меси после поразот од 2:8 побара раскинување на договорот со Барселона. Клубот не го пушти, а овие денови се водат преговори со претседателот на Барселона и таткото на Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се обидуваме да дознаеме што се случува, но тоа е помеѓу него и клубот. Се надеваме дека ќе остане. Слушаме се и сешто и не знам ништо повеќе од она што се пишува во медиумите“, изјави Гризман.