Најдобриот кошаркар на Денвер и еден од најдобрите центри во НБА лигата, Никола Јокиќ наскоро би требало да потпише нов договор со својот тим.
На Србинот на крајот од сезоната му истекува договорот, а управата на Денвер ќе направи се за истиот да биде продолжен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесуваат американските медиуми, пред Јокиќ е нов петгодишен договор кој би го обврзал со клубот до летото 2023 година, а доколку го потпише нема да зажали, барем не од финансиски аспект.
Според новиот договор, Јокиќ би стартувал со плата од 25.2 милиони долари, а во наредните години неговата заработка би се зголемувала – 27.1, 29.1, 31.3 се до конечните 37.3 милиони американски долари.
Кога оваа бројка ќе се пртвори во евра тоа значи дека Јокиќ од првата сезона ќе заработи нешто повеќе од 20 милиони, а врвот ќе го достигне во последната година од договорот кога би добил повеќе од 30 милиони евра.
Доколку одлучи да го потпише ваквиот договор, Јокиќ би станал најплатениот српски спортист на сите времиња бидејќи за пет години би заработил околу 120 милиони евра, не сметајќи ги туку спонзорските договори.
Во овој момент најплатен српски спортист е Новак Ѓоковиќ со заработка од 100 милиони евра, само од турнирите.