Сагата околку изборот за нов тренер на Јувентус заврши. Италијанските медиуми едногласно потврдија дека нов тренер на „старата дама“ ќе биде Маурицио Сари.
60-годишниот Италијанец ќе го води Челзи во финалето од Лига Европа, а веднаш потоа и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако им пропадна примарниот план, челниците на „старата дама“ веднаш го активираа планот „Б“ и ќе потпишат тригодишен договор со Маурицио Сари кој ќе заработува седум милиони евра по сезона.
Сари има договор на уште две години со Челзи, но двете страни најверојатно спогодбено ќе ја раскинат соработката, па Италијанецот ќе биде слободен да потпише договор со „старата дама“.
Според дел од италијанските медиуми, Сари е предложен токму од Гвардиола кој му напоменал на Ањели дека Италијанецот е идеално решение за наредните две сезони пред тој да пристигне во Јувентус, бидејќи и двајцата тренери негуваат речиси идентичен стил на игра.