Српскиот кошаркарски тренер, Дејан Милојевиќ почина вчера како последица од срцев удар на 46-годишна возраст.
Како што е познато тој добил срцев удар, а по неколку часовна борба докторите во болницата во Солт Лејк Сити каде што неговиот Голден Стејт требаше да игра против Јута не успеаа да го спасат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во моментите додека Милојевиќ се бореше за својот живот српската телевизија РТС 1 направи голем гаф при објавата во вестите кои се емитуваа во 12:00 часот.
Имено, додека спикерот ја соопштуваше веста за состојбата на Милојевиќ во позадина место слика од него одеше фотографија од фудбалскиот тренер на Црвена Звезда со исто презиме, Владан Милојевиќ.