Дома Македонски спорт Мак фудбал Големо засилување за Брегалница: Потпишаа со Муарем Муарем!

Големо засилување за Брегалница: Потпишаа со Муарем Муарем!

Tимот на Брегалница доведе големо засилување – потпишаа со поранешниот маекдонски репрезентативец Муарем Муарем.

Муарем кој има богата интернационална кариера потпиша договор до јуни 2022 година и истиот има можност за продолжување на уште две години.  


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период“ – истакна спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев, веднаш по промоцијата на Муарем.

Муарем, кој на македонската сцена има настапи за Скопје, Работнички, Тетекс и Шкупи, на интернационалната сцена зад себа има повеќе од извонредни настапи, пак, за турските Ордуспор и Ескишехир, азербејџански Карабах, казахтански Актобе и албанскиот суперлигаш Фљамуртари.

Во дресот на А-репрезентацијата на Македонија најновото засилување на Брегалница има седум официјални настапи, а претходно ги минал и сите младински репрезентативни категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…