Тимот на Беласица полусезоната во македонската прва лига ја заврши на последното место, а сега остана и без бразилскиот фудбалер, Робсон Да Силва.
Бразилецот како големо засилување во клубот од Струмица пристигна пред шест месеци. Клубот имаше големи амбиции, но резултатите не одеа во прилог, па тој потврди дека си заминува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Благодарен сум на Белсица што ми даде шанса играм за овој тим со кој делевме радост и тага. За мене ова е лекција, време е да се збогувам со тимот и ќе ги паметам добрите работи тука“, изјави Робсон Да Силва.
Во редовите на Беласица тој дојде од Македонија Ѓорче Петров.