Дома Фудбал Англија Гвардиола со порака до играчите: Без ТВ, весници и радио до крајот на сезоната!

Гвардиола со порака до играчите: Без ТВ, весници и радио до крајот на сезоната!

Сити синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Јунајтед со 2:0 и се врати на првото место на табелата со бод повеќе од Ливерпул.

Гвардиола стана првиот тренер кој победи во три последователни натпревари на „Олд Трафорд“. Сити до крајот на првенството има натпревари против Барнли, Брајтон и Лестер, а Гвардиола им кажа на играчите дека се уште нема причини за славење.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мораме да бидеме мирни. Не читајте весници, не го вклучувајте телевизорот, не слушајте радио“, изјави Гвардиола.

Сити беше елиминиран во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, а по реваншот со Тотенхен, Пеп ги пофали играчите.

„Не можете да замислите колку тешко ни падна испаѓањето од Лигата на Шампионите, кога мислевме дека поминавме. Тоа беше навистина многу тешко. Потоа игравме против Тотенхем во лигата и тоа не беше добра игра. Но, останавме тука. Најважна е реакцијата на играчите. Потоа пристигнавме на Олд Трафорд и победивме трети пат последователно, особено во овој натпревар со голем притисок. Ништо не менува, дали ќе освоиме трофеј или не, моите играчи секогаш ќе ја имаат мојата почит“, изјави Гвардиола

Манчестер Сити овој викенд гостува против Барнли, додека Ливерпул ќе го пречека Хадерсфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…