Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Серхио Агуеро.
Еминентниот „Билд“ тврди дека Гвардиола напаѓачот го нашол во Бундеслигата, а станува збор за Маркус Турам.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
23-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Гвардиола во Турам гледа идеален наследник на Серхио Агуеро, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.
Мехенгладбах знае дека нема да може да го задржи напаѓот и за неговата слобода бара 40 милиони евра.