Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола комплетно го отпиша својот тим од битката за титулата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кој притоа има и меч помалку, па Гвардиола тврди дека повеќе не ги следи „црвените“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоа што сме толку далеку значи дека не не интересира што прават Ливерпул. Подобро е да се концентрираме на тоа како можеме да ги подобриме нашите резултати во лигата и на други натпреварувања“, истакна Пеп.
Тој коментираше и за неговата иднина и истакна дека само под еден услов би го напуштил Манчестер Сити.
„Ако не бидам отпуштен, јас останувам на 100%. Не затоа што ги победивме нашите последни два натпревари, туку затоа што се подобривме во последните месеци. Дури и кога има лоши периоди и нема да бидеме во Лигата на шампионите, јас нема да заминам. Како менаџер, имате добри и лоши периоди. Не можете секогаш да победувате“, заклучи Гвардиола, кој денес полни 49 години.